Трагедија вчера го потресе битолското село Буково, откако вчера околу 14.00 часот настанал пожар во куќа во сопственост на 76-годишната Драгица Ш.
Од страна на екипа од ТППЕ-Битола пожарот бил изгаснат.
Околу 17:00 часот, кога бил извршен увид од страна на екипа од СВР Битола, било забележано дека при пожарот во куќата, сопственичката на истата изгорела.
Според информациите, најверојатно причина за пожарот е несоодветно ракување со грејното тело.