Борче Костов – Жолтио конечно утре рано наутро заминува со експедицијата на мото- федерацијата на Македонија на чело со претседателот Ленин Јовановски, во Белград, Србија каде ќе се одржи прогласувањето на годинашните победници од Југосточниот европски шампионат во мото-крос.
Пред заминувањето за Белград, Костов нервозно ни рече:
-Да бидам искрен мислев дека сега кога е крајот на сезоната и кога се прогласуваат најдобрите во мото – кросот за овој дел од Европа ќе се најде некој кој се огласи на моите барања за финансиска помош, но за жал тоа не се случи. Јас како и на сите трки на кои учествував, за да стигнам до третото место, во Грција, Романија, Србија, Босна и Херцеговина, Турција и Бугарија патувам само со лична помош на претседателот на мото-федерацијата Ленин Јовановски и секако на покојниот Тони Гулевски – Бабушо. Тој и овој пат ми излезе во престер и заедно со него ќе одам да ја подигнам заслужената награда- изјави Костов.
Инаку, прогласувањето ќе се одржи во хотелот “Зира“ во Стари Белград, пред повеќе од триста гости од сите мото-федерации кои учествуваа на трките од југосточниот мото шампионат.
Минатата година прогласувањето се одржа во Романија, но Костов поради старата мака, немање на финансии, не се искачи на пиедисталот.
С.Р.