Премиерот Зоран Заев смета на пратеничките гласови од албанскиот опозициски блок. На утрешната средба со Билал Касами ќе разговараат за испорачаните барања од БЕСА преку амандмани за уставни измени. Освен со Касами, за поддршка на измените на Уставот во последната клучна фаза, се најавува средба и со лидерот на Алијанса за албанците Зијадин Села. Заев е оптимист за двотретинско мнозинство, но вели бројката ќе се знае на денот на гласањето.
„Ќе кажам дека ќе сторам се до последен момент за да го избереме двотретинското мнозинство и тоа ќе го соопштиме на јавноста во моментот на гласањето или ќе споделиме задоволсво од тоа што е постигнато.“ – изјави Зоран Заев.