Home / Uncategorized / Скопје најзагаден град во светот

Скопје најзагаден град во светот

Скопјани утрово  дишеа на жабри.ПМ10 честичките  изнесуваа  395 микрограми, или 8 пат повеќе од дозволеното. За алармантната ситуација со воздухот, УСАИД ги собра претставниците на локалната и централната власт како и меѓународните невладини организации за да се пронајде практично решение во врска со овој проблем.

„Македонија и Скопје се многу загадени, но има и други градови во светот кои можеби се уште по загадени, затоа се собравме тука за да може да ги слушаме нивните искуства со цел да најдеме ефикасно решение“, вели Едгард Гонзалез од УСАИД.

Граѓаните од денеска на телефонскиот број 193 ќе можат да пријават пожари на отворени места и предизвикуваат загадување.

Ова е една од превентивните краткорочни мерки на Град Скопје. Инаку по Скопје, како најзагадени места во светот се Њу Делхи во Индија и Лахор во Пакистан.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*