Home / Вести / 60 години Македонско научно друштво Битола

60 години Македонско научно друштво Битола

          На 25 април 1960 година во Битола е формирано најстарото македонско научно друштво, кое основачите го именуваа како Друштво за наука и уметност-ДНУ, а од пред 20 години, оваа  асоцијација на интелектуалците на Битола прерасна во Македонско научно друштво, МНД-Битола.

Со оглед на новонастанатите околности со коронавирусот големата прослава по повод јубилејот, која требаше да се одржи в сабота на 25 април со свечена академија е одложена.

Сепак по повод јубилејот, в сабота  на 25 април  членовите на Управниот и Надзорниот одбор, Уредувачкиот Совет и Етичката комисија ќе одржат онлајн (on-line) свечена седница на која ќе потсетат на значајниот датум и растежот на Друштвото.

       Во пресрет на големиот јубилеј, МНД-Битола деновиве издаде од печат Монографија за Друштвото, чиј автор е проф. д-р Марјан Танушевски, актуелен претседател на МНД-Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*