Home / Вести / Тестот за премиерот Спасовски негативен

Тестот за премиерот Спасовски негативен

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски има негативен резултат од тестот за коронавирус.

Согласно препораките на епидемиолозите, премиерот Спасовски останува и понатаму во изолација во домашни услови и најдисциплинирано ќе се придржува до препораките и советите на лекарите.

И во наредните денови во домашна изолација, премиерот Спасовски од дома преку дигитални алатки ќе ги извршува сите активности поврзани со водењето на Владата во услови на вонредна состојба.

Премиерот Спасовски апелира да се почитуваат мерките за  физичка дистанца, за носење заштитни маски и да се избегнуваат групирања.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!