Don't Miss
Home / Култура / Љубојна и Џамбо Агушев на отворањето на фестивалот на музика во светот

Љубојна и Џамбо Агушев на отворањето на фестивалот на музика во светот

Петок,на 10 ноември стартува годинешниот фестивал “ Музика на светот “
Љубојна“и специјалниот гостин Џамбо Агушев, во петок навечер, (10 ноември), лирскиот тенор од балканските простори Божо Вречо како и составот „Џипси Грув“ изведувачи на автентична балканска ромска музика кои ќе настапат во сабота вечер (11 ноември) , е понудата на овогодинешниот „Фестивал на музика од светот“ во Битола.

Центарот за култура од Битола најави дека е подготвен за деветтото издание на фестивалот, еден од најпосакуваните и најпосетувани музички манифестации во градот во текот на годината.

Селекторот на фестивалот Оливер Јосифовски, рече дека годинава фестивалот е насочен на музика од Балканот.

-Таканаречната „балканската музичка струја“ е така густа и содржајна и на сите светски фестивалот ги очекуваат сите тие имања со големо нетрпение и внимание.

Во Битола ќе настапат бравурозни имиња, како Божо Вречо , нов изведувач на севдах мизиката, со неверојатна експресија, и составот „Џипси Грув“момци кои сакаат да докажат дека Балканот е простор полн со крвоток и дека во политички контекст треба слободно да се испочитуваат сите стилови на овој простор – рече Јосифовски.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*