Ексклузивно интервју на Битолски весник и Нова Македонија со генералниот директор на АД ЕЛЕМ Драган Миновски:
Кога застанав на чело на АД ЕЛЕМ во РЕК Битола затекнавме комбинат кој со текот на годините се повеке пари трошеле, а се помалку електрична енергија произведувал. Имало се повеке вработувања, а се копало се помалку јаглен, блокови кои се модернизирале, а по тие зафати произведувале помалку електрична енергија од претходно. Слаба работна дисциплина, непочитување на хиерархијата, мешање на партиски инстанци во инстанците на самиот Комбинат итн.
Ние направивме одредена реорганизација, се направи ревизија на одредени постапки за јавни набавки, на вработените им беше кажано дека работа има за сите, но дека мора да се ангажираат за тоа за што се платени, назначивме ново раководство, додека пак на досегашното раководство му се дадени позиции од кои се надеваме дека ќе помогнат со своето искуство и знаење да РЕК Битола да зајакне и веруваме дека сите треба да ги впрегнеме силите за овој наш многу значаен производствен капацитет да застана на цврсти нозе, а кога велам значаен мислам на неговото значење за целата држава, изјави во есклузивно интервју за Битолски весник и Нова Македонија генералниот дирецтор на АД ЕЛЕМ, Драган Миновски.
Одговарајки на прашањето за модернизацијата на блоковите Миновски рече:
-Во изминатиот период од 2012 година па наваму се направи модернизација на двата блока во РЕК Битола на блок 3 и блок 2. За таа модернизација досега се исплатени околу 60 милини евра, средства кое се обзбедени од кредит од Дојче банка, во висина од 88,5 милиини евра, со што требаше да се направи модерназација на сите три блока во РЕК Битола. Со модернизацијата на блок 3 направени се одредени модернизации во делот на намалување на азотните оксиди во околината. Меѓутоа за жал со тие зафати намалена е ефикасноста и моќноста на самиот блок. Ако во минатото од блок 3 можеше да се произведат и до 225 мегавати електрична енергија, во моментов од соодветната калорична моќност на јагленот, која е прилично висока и се движи во границата од 6.100 до 7500, блок 3 не може да ја достигне бараната вредност дд 233, па дури и до 200 до 205 мегавати. Во блок 2 нарправени се модернизации на самиот блок, меѓутоа се добива истата слика во однос на излезаната моќност од самиот блок. Но и покрај ваквите недостатоци претходното раководство веке направиле прифакање на направената модернизација и истата ја прифатиле како добра за блок 3, додека за блок 2 работат а е стопирана откако се увидени одредени недостатоци од самата модернзација. Во таа смисла направени се напори тие недостатоци да се надминат, меѓутоа сепак досега не е направено ништо во тој дел. И затоа ЕЛЕМ, како компанија е пред арбитражна постпка со изведувачот на работите, фирмите “Бефингер” односно “Бабкок”. Модренизацијата на блок 1 не е почната воопшто. Имавме два состаноци во насока на прекинување на арбитражната постопка и продолжување на активностите за изнаоѓање на начин да се најде решение за настанатиот проблем со самата модернизација, со изведувачот на работите, компаниите “Бабкок” и “Белфингер”, во насока да се корегираат недостатоците, но сакам да кажам дека модернизацијата на блоковите не ги даде посакуваните резултати и заради тоа ЕЛЕМ е пред арбитража со овие компании.На арбитража одиме со намера да докажеме дека бараните параметри од наша страна, производителот, осноно изведувачот на работите не ги исполнил. Меѓутоа во овој момент сакам да кажам дека ЕЛЕМ како компанија има ангажирано адвокатска канцеларија за самата постапка чиј договор е прилично висока сума. За овој проект исплатени се 60 тина милиони евра, а резултатиет не се добиени. Нашите пресмети и анализи покажуваат дека изгубената моќност и изгубената енергија во изминатите години, поради неисполнетите барања и критериуми ја чинат компанијата повеке од 200 милиони евра, нагласи Миновски.
Комплетното интервју прочитајте го среда на 17 јануари во печатеното издание на Битолски весник, кое го направи Менде Младеновски.