Home / Култура / По 11 години конечно градоначалник на Битола стапна во битолскиот Монмартр

По 11 години конечно градоначалник на Битола стапна во битолскиот Монмартр

Вечерва во Детското ликовно студио  Кирил Методиј во Старата битолска чаршија беше вистински празник. Министерот за култура  Роберт Алаѓозовски им ги подели наградите и признанијата кои ги добиле во минатата година членовите на Малиот битолски Монмартр на разни натпреврувања во Европа и светот.

На свеченоста која се одржа во чест на одбележувањето на роденденот на  прерано починатиот ангел на македонската  музика Тоше Проевски и одбележувањето на 60 години творештво на основачот на студиото Коста Хаџиантоновски присуствуваше и градоначалничката на Битола Наташа Петровска.

-Ова е прв  пат по 11 години во Детското ликовно  студио да стапне битолски градоначалник, истакна Коста Хаџиантоновски, притоа мислејки дека во изминатите 11 години  сега веке екс градоначалникот на Битола, Владимир Талески го имаше ставено на црна листа и ги бојкотираше сите настани на Детското ликовно студио, приоа игноријаки ги сите успеси или проблеми.

Но и покрај таквиот однос на Талески, спрема студиото на Малиот битолски Монмартр , тоа опстана, а Талески веќе неколку месеци е минато.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*