Во организација на групата граѓани, кои се залагаат за здрава и чиста животна средина “Мети си со класнето“ ,компанијата “Божиновски“ часовници и накит, Центарот за култура – Битола и Меѓународниот фестивал на филмската камера “Браќа Манаки”, денеска во Битола се презентирани 40 скулптури направени од отпад, фрлени работи и ѓубре.
– „Ние со оваа изложба на ѓубрето му дадовме душа“, велат организаторите на изложбата.
Дијана Колонџовска ја раскажа приказната за еден нетипичен бидермаер кој ќе се предава од генерација на генерација и е направен од рециклиран накит од гостите присутни на една уникатна свадба. Ова докажува дека не секогаш прескапите увозни букети се и најубави.

Анкица Адамс со нејзините девојки ја раскажаа приказната за скулптурата Камера 300, висока 1.50 cm, направена од стари делови од автомобили (вклучувајќи и регистерски таблички од времето на Југославија).
Изложбата е дел од офф прогрaмата на Фестивалот „Браќа Манаки
Оваа иницијатива, која некои ја подржуваат, некои ја игнорират, трети се индиферентни допрва ќе слушаме. Таа е инспиративна, поттикнува, воспитува, и го менува начинот на размислување кај младите, истите оние млади кои низ скулптурите вечерва тивко ни одржаа лекција, изјави директорката на Центaрот за култура, Маја Андоновска Илијевски.
град.
Битолски Весник Весник што се чита и прераскажува 60 години со читателите
