Home / Вести / Изложба од фрлени и отпадни предмети

Изложба од фрлени и отпадни предмети

                       

Во организација на  групата граѓани, кои се залагаат за здрава и чиста животна средина  “Мети си со класнето“ ,компанијата  “Божиновски“ часовници и накит, Центарот за култура – Битола и Меѓународниот фестивал на филмската камера “Браќа Манаки”, денеска во Битола се презентирани  40 скулптури направени од отпад, фрлени работи и ѓубре.

– „Ние со оваа изложба  на ѓубрето му дадовме душа“, велат организаторите на изложбата. 

Дијана Колонџовска ја раскажа приказната за еден нетипичен бидермаер кој ќе се предава од генерација на генерација и е направен од рециклиран накит од гостите присутни на една уникатна свадба. Ова докажува дека не секогаш прескапите увозни букети се и најубави.

            Анкица Адамс со нејзините девојки ја раскажаа приказната за скулптурата Камера 300, висока 1.50 cm, направена од стари делови од автомобили (вклучувајќи и регистерски таблички од времето на Југославија).

            Изложбата е дел од офф прогрaмата на Фестивалот „Браќа Манаки

Оваа иницијатива, која некои ја подржуваат, некои ја игнорират, трети се индиферентни допрва ќе слушаме. Таа е инспиративна, поттикнува, воспитува, и го менува начинот на размислување кај младите, истите оние млади кои низ скулптурите вечерва тивко ни одржаа лекција, изјави директорката на Центaрот за култура, Маја Андоновска Илијевски.

град.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*