Don't Miss
Home / Вести / Проектот за реконструкција на улицата „Стив Наумов“ во завршна фаза

Проектот за реконструкција на улицата „Стив Наумов“ во завршна фаза

Работните активности за реконструкција на улицата „Стив Наумов“ влегуваат во завршна фаза.

Во моментот се работи на последната делница, а реконструкцијата на улицата се одвиваше во должина од 2200 метри, за што Општина Битола инвестира 51.218.181 денари.

При увидот на терен од страна на градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, жителите од оваа улица потенцираа дека со комплетната реконструкција се решава еден голем проблем, особено со замената на старите дотраени водоводни цевки и подобрувањето на патната инфраструктура.

Градоначалникот Коњановски, нагласи дека локалната самоуправа, на овој начин, преку реализација на крупни инфраструктурни проекти, продолжува да работи во интерес на своите граѓани.

Со посветена работа и јасна визија ја подобруваме целата инфраструктура. Ја реконструираме улицата „Стив Наумов“ во должина од над 2 километри. Нова водоводна мрежа, канализациона мрежа, нов коловоз. Ова не е само асфалт- ова е инфраструктура што носи квалитет, безбедност и сигурност во секојдневието. Работите се во завршна фаза -финалната делница е во тек. Целосно нова улица за потребите на нашите граѓани. Денес градиме подобра утре, затоа што секој метар е чекор напред. Заедно, со меѓусебна поддршка и соработка ги создаваме промените“, рече градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски при посетата на градежните активности.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*