Home / Спорт / Александар Јовановиќ најдобар куглар на Битола

Александар Јовановиќ најдобар куглар на Битола

Во кугланата во спортската сала „Младост”, вчера заврши градското првенство во куглање во организација на Кугларскиот клуб „Хераклеа” од Битола. Турнирот за првпат е дел од четвртоноемвриската програма на општината, а на доделувањето на наградите присуствуваа градоначалничката на општина Битола м-р Наташа Петровска, пратеникот Васко Ковачевски, претседателот на Советот на општина Битола, Валентин Груевски, како и советниците Методија Илиевски, Борче Корлевски, Тони Коњановски и Иван Чулаковски.

За првак на Битола во куглање беше прогласен Александар Јовановиќ, второпласиран е Пецо Димовски, а на трето место е Цане Колев. На турнирот учествуваа дваесет натпреварувачи, меѓу кои и две жени.

Наградите на првите три пласирани им ги додели градоначалничката на општина Битола, м-р Наташа Петровска, која во своето обраќање нагласи дека, чекор по чекор, континуирано ќе работи во насока на реализација на предизборното ветување за изградба на мултинаменски спортски комплекс, кој е од големо значење за сите битолчани, а пред се за вљубениците во спортот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!