Home / Вести / Амбасадорот на Италија во посета на Битола

Амбасадорот на Италија во посета на Битола

       

Амбасадорот на Италија, н.е Андреа Силвестри, денес ја посети општина Битола, каде имаше средба со градоначалникот Тони Коњановски.

На средбата се разговараше за повеќе значајни проекти, на кои треба да се стави посебен акцент во следниот период, а се важни за заштита на животната средина, реализација на активности поврзани со зелената агенда, енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија.

Во рамките на работната средба, градоначалникот Коњановски и амбасадорот Силвестри, разговараа и за можностите за понатамошна соработка во делот на образованието, можностите за стипендирање на студенти, како и условите за поголемо вклучување на изучувањето на италијанскиот јазик во битолските училишта. Градоначалникот Коњановски, го информираше амбасадорот дека, од оваа учебна година, во основното училиште „Свети Климент Охридски“ се формирани три паралелки во шесто одделение, во кои ќе се изучува италијанскиот јазик како изборен предмет, со што изучувањето на овој јазик во училиштето ќе биде застапено во сите паралелки до 9 то одделение, а идната година година, во Битола, ќе има и прва паралелка во средно образование, каде ќе се изучува италијански јазик.

Општина Битола и Амбасадата на Италија, ја продолжуваат својата соработка и во делот на културата. Во овој контекст, градоначалникот и амбасадорот, испратија покана до граѓаните на Битола, за ретката можност која ја има Битола, да биде град домаќин на концертот на барокна музика на познатиот италијански ансамбл „Академиа Бизантина“, кој ќе се одржи вечерва во Офицерскиот дом во Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*