Home / Uncategorized / Амнестија за жртвите на режимот на Груевски

Амнестија за жртвите на режимот на Груевски

„Семејствата на жртвите на вледеењето на Никола Груевски“ бараат амнестија за затворениците и ревизија на пресудите на македонските судови, рече Мери Николова на заедничка прес-конференција со семејствата и роднините на лицата кои се во затвор.

„Пред 18 дена во Собранието на Република Македонија беше доставен предлог законот за амнестија. Од претседателот Талат Џафери добивме информација дека предлогот законот е поделен на сите пратеници, но не добивме никаков одговор.

Нашата борба за пад на овој режим беше правда за сите, а не селективна правда. Од пред една недела извештајот на народниот правобранител сугерираше да се затвори приемното одделени каде лежат притворените како сардини,“ рече Мери Николова.

Таа додава дека имаат информации дека на лицата со доживотен затвор, под присила им биле ставани инекции за признавање на делото кое не го сториле.

„Нема да се поместиме од ниедно наше барање. Има лица со оштетен вид, луѓе кои се лекуваат од рак, а не се пуштени во домашни услови“, додаде таа.

Покрај Николова, на прес-конференцијата говореа и претставници на семејствата на лицата кои според нив се невини и одлежуваат казни затвор за монтирани судски процеси. Доколку не се излезе во пресрет на нивните барања, тие најавија протест на улици и пред институции.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*