Home / Вести / Aпел од Водовод за рационално трошење на водата

Aпел од Водовод за рационално трошење на водата

Апел за рационално користење на водата❗Врз основа на податоците на Управата за хидрометеоролошки работи од каде се најавуваат високите температури кои деновиве ќе достигнат и над 40 °C, како и податоците на ЈКП “Водовод” Битола за зголемена потрошувачка на водата, апелираме до граѓаните на градот Битола:➡️рационално да ја користат и употребуваат водата, ➡️да избегнуваат полевање на поголеми површини и непотребно трошење на водата за време на топлите денови‼️Дивите приклучоци се забранети со Закон (Закон за водоснабдување, член 23) и истите се утврдуваат од страна на овластен комунален инспектор на општината и на Градот (Закон за водоснабдување, член 37), врз основа на што за сите утврдени иматели на див приклучок ќе биде поткрена прекршочна постапка за сторено кривично дело. ➡️Со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснабдувањето до сите корисници во град Битола. ➡️Сите пријави можат да се испраќаат на следните контакти:��Дежурен – Дефекти 047/238-200;234-791 и мобилен 072/916-964��Дирекција 047/227-448 и мобилен 072/232-120��email: direktor@vodovodbt.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*