Home / Author Archives: Битолски Весник (page 650)

Author Archives: Битолски Весник

новинар, гл. и одговрен уредник на Битолски весник

Потпишан Меморандум за реконструкција, заштита и конзервација на Еврејските гробишта

Синоќa, во битолскиот Завод и музеј, градоначалникот на општина Битола д-р. Владимир Талески, израелскиот амбасадор во Република Македонија, Дан Ориан и претседателот на Здружението за одржлив урбан развој, архитектура и амбиент „ АРХАМ “ Марјана Стефановска, потпишаа Меморандум за реконструкција, ...

Read More »

Калиопи го “обои“ Културното лето во Општина Карпош

Со прекрасните звуци на „Црно и бело”, „Локомотива”, легендарната „Бато” и „ Обои ме…со сеќавања”, мегапопуларната македонска и балканска ѕвезда Калиопи викендов  го „обои” Карпош на самиот старт на годинашното, осмо по ред Културно лето “Карпош 2015“. Со триилјадна публика, ...

Read More »

Проекти за грижа на старите лица и образовна медијација на децата Роми

Во рамките на проектот општинско-корисна работа, Општината Битола реализираше два проекти. Едниот со Старскиот дом “Сју Рајдер“ од Битола наменет за старите лица, а другиот проект за образовна медијација за децата Роми, настава што се одвива во ОУ “Ѓорги Сугарев“. ...

Read More »

Едукација на шеесетина деца од пет села во Новаци

Во рамките на проектот “Растеме и учиме заедно“  во општината Новаци во вкупно пет  рурални села се изведува едукативна настава. Овој проект, покрај со средства на Општината Новаци е финансиран и со средства на УНДП, како и Министерството за труд ...

Read More »

На петте државни универзитети слободни околу 25 илјади места

Вкупно 24.952 места се слободни на петте државни универзитети во Македонија за упис во прва година во академската 2015/2016 година. Пријавувањето кандидати во првиот рок почнува оваа недела. На Универзитетот „Св. Климент Охридски”-Битола слободни се вкупно 3.803 места, од кои ...

Read More »

Преку „бајпас“ потече вода низ Пелагонија

Откако стручните екипи на РЕК „Битола“ и на „Стрежево“ сфатија дека санирањето на свлечиштата, кои по јулските дождови повторно се активираа кај каналот над селото Драгарино, ќе оди бавно, се одлучија за изградба на привремен, заобиколен канал, преку кој во ...

Read More »

Македонска етно венчавка во Новаци

Во Општина Новаци по вторпат се одржа манифестацијата “Македонска етно венчавка“. Оваа година зет и невеста беа 55 годишниот Љубе Самарџески и 50 годишната Роза Самарџиеска од Битола. Тие во брак се 30 години и по толку време одлучија да ...

Read More »

Загина тинејџерка во битолско, паднала од „скутер“

Утринава во 3 часот и 25 минути во полициската станица-Битола било пријавено дека во село Долно Српци, во близина на фудбалското игралиште била пронајдена 17-годишна девојка од истоименото село. Седумнаесетгодишна девојка без знаци на живот утринава била пронајдена покрај моторцикл ...

Read More »

Да му помогнеме на младиот Пеце Роговски да се избори со тешката болест

Пеце Роговски од Битола веќе две години се бори со тешка болест – прогресивен канцер на карлица и спиналниот канал. Триесет и три годишното момче е двапати оперирано на скопската клиника, но сега единствено решение е нова операција во истанбулската ...

Read More »

Претставата “Хамлет“ вечерва на “Битола Шекспир фестивалот“

На новата сцена на Народен театар Битола на 25 јули, во рамките на третото издание на „Битола Шекспир фестивал“, ќе биде изведена претставата „Хамлет“ од Шекспир, во режија на Џон Блондел со театарската компанија „Лит мун“ од Санта Барбара, Калифорнија, ...

Read More »