Home / Вести / Бимилк во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството

Бимилк во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството

На 15 мај, по повод одбележувањето на Светскиот ден на семејството, Бимилк е домаќин на ексклузивен настан посветен на нејзините вработени-родители на деца до 12 годишна возраст, како и за психолозите, педагозите и дефектолозите во битолските предучилишни и училишни установи.

Настанот, кој ќе се одржи во дворот на Бимилк, ќе биде еднодневен семинар предводен од д-р Ранко Рајовиќ, познат експерт за детски развој и основач на системот за учење „НТЦ“ (Никола Тесла Центар). Експертизата на д-р Рајовиќ за стимулирање на интелектуалните способности на децата му донесе признание низ целиот регион, а неговите сознанија за методите на воспитување се непроценливи.

Среќни сме што ќе бидеме домаќини на д-р Ранко Рајовиќ за оваа посебна пригода. Како компанија посветена на благосостојбата и иднината на нашата заедница, ја препознаваме важноста од поддршката на родителите и воспитувачите во нивните напори да ја негуваат следната генерација. Сметаме дека инвестирањето во образованието и развојот на нашите деца е клучно за градење посветла иднина. Со здружување на родителите и воспитувачите, се надеваме дека ќе поттикнеме соработка и споделување знаење за доброто на нашата заедница“, изјави Полексена Јанкуловска, регионален маркетинг менаџер во Бимилк.

Семинарот ќе опфати низа теми, вклучувајќи развој на мозокот, рана стимулација, креативно учење, логично размислување и практична примена на методологијата НТЦ.

Учесниците ќе имаат можност да стекнат вредни сознанија, да разменуваат идеи и да се вмрежат.

Бимилк како општествено одговорна компанија, ја зема предвид и улогата во едукацијата и развојот на вработените и младите, во пренесување на знаење и вредности и на тој начин активно учествува во создавање здрава, едуцирана и одговорна младина.

Ова е дел од проектите кои Бимилк ги создава под платформата „Растеме заедно“ и континуирано ќе продолжи да едуцира за подобра иднина на младите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*