.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Вести / Битола доби нов парк за деца

Битола доби нов парк за деца

 

Во присуство на голем број граѓани, претставници на локалната самоуправа и голем број гости, Бимилк во понеделникот, во Градскиот парк свечено го отвори новото  детско игралиште, кое ќе биде место за игра, забава, рекреација и безгрижно детство на  младите и следните генерации кои ќе растат заедно со производите на Бимилк.

Детското игралиште, кое во употреба го пуштија градоначалникот на Битола, Тони Коњановски и Полексена Јанкуловска, маркетинг менаџер на Бимилк, е донација од Битолската млекара за градот коешто компанијата го посветува на децата и нивната здрава и среќна иднина.

-Грижата и активниот однос кон заедницата е наш придонес што произлегува од корпоративната стратегија на Млекара Битола. Како најголема и прва млекара во државата, покрај производи со врвен квалитет преку вакви донации создаваме и трајни вредности, со цел да поттикнеме и мотивираме на едукација, на рекреација и сето она што е потребно за децата здраво и срекно да растат, изјави Полексена Јанкуловска.

Игралиштето е лоцирано во Градскиот парк на вкупна површина од 1.400 м2 и располага со 15 реквизити за индивидуални игри или игри во група. Вредноста на донацијата е 2.000.000 денари.

Игралиштето е изградено во соработка со Општина Битола.

-Општина Битола, продолжува со реализација на програмскиот концепт кој предвидува создавање нови хортикултурно уредени простори, простори исполнети со детски играчки, спортски реквизити и друга опрема. Покрај активностите кои општината, заедно со јавните претпријатија ги реализира за уредување на новиот парк во Нова Битола на површина од 25.000 метри квадратни, денес, како резултат на соработката на локалната самоуправа со бизнис заедницата, во Градскиот парк, имаме ново, соодветно уредено детско игралиште, рекреативно катче, кое покрај што го разубавува овој дел и содржински го оплеменува. Изразувам голема благодарност за оваа донација од Бимилк, им честитам за нивната 70 годишна, успешна работа и им посакувам голем напредок, продолжување на нашата соработка, како и реализација на многу нови заеднички иницијативи, истакна градоначалникот  на Битоа Тони Коњановски.

Отворањето на детското игралиште беше проследено со многу забава, музика, креативни игри и едукација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*