Home / Градска хроника / “Битола На точак“ ќе се одржи вечерва под мотото „Возиме како прави дами и господа“

“Битола На точак“ ќе се одржи вечерва под мотото „Возиме како прави дами и господа“

27. Критична маса на неформалното движење Битола На точак, ќе се одржи  вечерва  во 18 часот, а слоганот на ова возење е „Возиме како прави дами и господа“.

Доаѓа нова генерација на граѓани, кои си го сакаат градот, кои се грижат за него, кои не загадуваат, кои се мобилни и кои не користат кола за кратки растојанија, кои одат на корзо, на работа, на училиште наТочак, кои уживаат 12 месеци на точак, а не само во лето! Се повеќе луѓе се среќаваат кои обрнуваат големо внимание на нивните точаци, ги чистат и гланцаат, ги украсуваат, ги вадат од визба и репарираат нивните ретро точаци-  велат  од битолското движење “Битола на Точак“.

За најдобрите учесници ќе има и подарок – брендиран привезок за клучеви со логото на Битола наТочак.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*