Don't Miss
Home / Вести / Битолчанец од балкон на Широк Сокак со воздушна пушка пукал кон куче скитник

Битолчанец од балкон на Широк Сокак со воздушна пушка пукал кон куче скитник

Битолчанец од балконот на неговата куќа на најамбиенталната улица Широк Сокак со воздушна пушка пукал кон куче скитник кое било на улицата, соопштија од Битолската полиција.

Настанот се случил вчера, а полицијата му ја одзела воздушната пушка.

          -На 17.04.2024 во СВР Битола било пријавено дека на улицата „Широк Сокак” во Битола, З.Л.(63) од балконот на неговиот дом од воздушна пушка пукал кон куче скитник. За настанот бил запознаен јавен обвинител, а по преземени мерки, полициски службеници од СВР Битола од З.Л. ја одзеле воздушна пушка. По целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава-соопштија од СВР Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*