Home / Вести / Битолската болница доби нова директорка

Битолската болница доби нова директорка

Д-р Елизабета Ивановска, досегашна началничка на Интерното одделение е именувана за  нова директорка на Клиничката болница во Битола.

            Вакво решение донесе министерот за здравство д-р Фатмир  Меџити по оставката на  сега веќе екс директорот на болницата  Александар Обедниковски, кој денеска  до Министерството за здравство, по смртта на новороднечето и малата Јана Христовска си поднесе неотповиклива оставка.

Инаку Клиничкта болница во Битола се среќава со бројни проблеми, а најмногу со недостиг на медицински кадар.

Инаку во Битола по  смртта на Јана  се одржани два протестни митинзи,а  протестен митинг е закажан и за утре со почеток во 17 часот, на кој битолчани ќе протестираат  за смртта на Јана и малото новороденче, кое почина два часа по породувањето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*