Don't Miss
Home / Вести / ЕСМ ги демантира шпекулациите дека некои ДООЕЛИ ги носи намерно во стечај

ЕСМ ги демантира шпекулациите дека некои ДООЕЛИ ги носи намерно во стечај

Најостро реагираме дека АД ЕСМ ги носи во стечај некои од своите ДООЕЛИ. Согласно потребите на работниот процес работата се организира со отворање на нови ДООЕЛИ и тоа Друштво за туризам, угостителство, рекреација и спорт ЕСМ МОЛИКА ДООЕЛ Битола и Друштво за туризам, угостителство, рекреација и спорт СКИ ЦЕНТАР ПОПОВА ШАПКА ДООЕЛ Тетово со цел да се обезбеди нивно поефикасно функционирање.

ЕЛЕМ ТУРС е основан 2012 година за време на владеење на политичкта партија која ги искажува овие невистини и истиот постојано работи со загуба поради лошо поставениот концепт.

До овој момент сите вработени без разлика дали се вработени во ЕСМ МОЛИКА ДООЕЛ Битола или во ЕЛЕМ ТУРС се со решен работен статус и истите редовно и уредно ќе земат плата за минатиот месец. Во врска со раководните лица кои управуваат со овие ДООЕЛИ истите не се назначени за директори туку се назначени како вршители на дејност, до целосно разрешување на процесот и стабилизација на двете друштва и повторно ќе напомениме, со единствена цел да се обезбедат можности новите ДООЕЛИ конечно да работат со добивка, се вели во реакцијата на АД ЕСМ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*