Home / Македонија / Блокирани улици и зголемено полициско присуство во Куманово

Блокирани улици и зголемено полициско присуство во Куманово

Дел од улиците во Куманово од ноќеска се блокирани за сообраќај. Забележливо е зголемено полициско присуство на улиците „11 Октомври„ и „Тодор Велков“ во центарот на Куманово, објави МИА.

Во овој дел од градот лоцирани се повеќе клучни објекти, државни и локални институции и установи.

Вработените во институциите лоцирани на улицита „11 Октомври“ потврдуваат дека се на своите работни места и оти работата тече непречено.

Портпатролот на МВР Иво Котевски за МИА информира дека се преземаат мерки за безбедност во Куманово.

Минатиот викенд во кумановската населба „Тоде Мендол“ полицијата спроведе акција за разбирање терористичка група. Во 28 часовната акција беа ликвидирани 14 терористи, 30 беа приведени и за нив е одреден 30 дневен притвор и е почната истражна постапка. Во тек на акцијата загинаа 8 полицајци, а 37 беа повредени. Комисија составена од претставници на Владата и на Општина Куманово  почна проценка на штетите на домовите на населението во „Тоде Мендол“ кое беше евакуирано во акцијата. Владата најави 100 процентно покривање на штетите.

 

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*