Home / Македонија / „Бомбите“ ќе бидат доказ во „Титаник 2“

„Бомбите“ ќе бидат доказ во „Титаник 2“

Апелација пресече, доказ во случајот на СЈО „Титаник2“ ќе бидат „бомбите“.

Тоа значи дека две снимки од преслушуваните разговори кои беа јавно објавени ќе бидат доказ за предметот „Титаник 2“, во кој обвинети се лидерот на ДПА, Мендух Тачи, и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска и Влатко Сајковски, актуелниот член на ДИК, Сашо Срцев, како и петте судии на Управниот суд: Билјана Никодиновска-Петровска, Лидија Ивановска, Благородна Аранѓелова, Газмент Фејзули и Анета Џигерова.

Вчера обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи на јавна седница во Апелација ја образложуваше жалбата на ова обвинителство, и зошто „бомбите“ треба да се користат како докази а одбраната не се појави во Судот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!