Home / Култура / Бројни културни манифестации во организација на Центарот за култура за афирмација на Битола

Бројни културни манифестации во организација на Центарот за култура за афирмација на Битола

Националната установа Центар за култура¬ Битола, 35 годишнината од основањето ќе ја одбележи со бројни културни манифестации од меѓународен, државен и локален карактер.

Како што посочи директорот Борче Димитровски, со поддршка на Министерството за култура ќе ги организираат трите позначајни интернационални фестивали “Илинденски денови“, “Фестивалот на монодрама“ и “Фестивалот на музика од светот“.

10942768_772309312854040_715968579_n

             од прес-конфренцијата

-По возобновувањето, камерниот оркестар на Битола годинава ќе одржи четири концерти, а ќе го возобновиме и дувачкиот оркестар со што ќе врати уште една музичка традиција на Битола. Нивниот концерт веќе е закажан за први март. Првиот атрактивен музички настан ќе се одржи на 14 февруари кога во Битола концерт ќе приреди Дуке Бојаџиев. Заедно со него ќе настапат и битолчаните кои живеат во Њујорк, Крсте Роџевски¬вокал и Исмаил Лумановски-кларинетист заедно со гостинот Мат Килмер¬ перкусии, посочи првиот човек на Центарот за култура- Битола, Борче Димитровски.
Тој го најави и фестивалот на независна музика „Битолски земјотрес” кој ќе се одржи на 21. февруари во поранешната сала за свадби, како и концертот на Гоце Стефковски, врвен тапанар во придружба на познати македонски музичари, што ќе се одржи на 14 март во Центарот за култура.
-Првата четвртина од оваа година ќе ја заокружиме со промоција на новиот албум на групата „Фолтин” чиј издавач ќе биде нашата национална установа и со Интернационалниот фестивал на монодрама, за чие 17. издание има голем интерес. Затоа ќе извршиме посебна селекција пред утврдувањето на програмата, додаде Димитровски.
Како дел од програмата се и 4-те концерти на Камерниот оркестар на Битола. Тука се и гостувањата на националниот балет и ансамблот за народни песни и игри Танец од Скопје.
Освен фестивалите, Центарот за култура ќе реализира и други важни настани, започнувајки со концерт на виртуозот Дуке Бојаџиев кој после концертот во Скопје заедно со македонската филхармонија, ќе настапи во Битола во придружба на битолчаните кои живеат во Њујорк, Крсте Роџевски-вокал и Исмаил Лумановски-кларинетист и гостинот Мат Килмер-перкусии.
Во богатата атрактивна програма влегува и концертот на дувачкиот оркестар,иницијатива за возобновување на истиот со поддршка на Центарот за култура со што ќе се врати уште една музичка традиција на Битола.

Потоа следува концертот на Гоце Стефковски септет, врвен тапанар во придружба со репрезентативни македонски музичари.
Првите четири месеци од оваа година, Центарот за култура ќе ги заокружи со промоција на новиот албум на групата „Фолтин” чиј издавач ќе биде оваа национална установа и со Интернационалниот фестивал на монодрама.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!