Home / Вести / Цвеќиња за битолските херои од Гајре

Цвеќиња за битолските херои од Гајре

                  

          На денешен ден, прд точно 19 години, во близина на селото Гајре, во  заседа, во конфликтот во 2001 година загинаа   бранителите  Влатко Миленковски, Благојче Силјановски и Пеце Матичевски  од Битола и Новаци, кои  беа  воени резервисти, припадници на баталјонот на Воената полиција од Битолскиот корпус.

          По тој повод пред спомениците  на бранителите “Анге“ пред Градскиот часовник  и  споменикот  во поранешната касарна “ Стив Наумов “ на загинатите бранители им беше оддадена почит.

          На комеморацијата покрај семејствата, колегите, воени старешни, делегации од политичките парии   присуствуваа и градоначалниците на  општините Битола и Новаци, Наташа Петровска и Љубе Кузмановски.

-На денешен ден во близина на  селото Гајре од заседа беа нападнати  и подмукло убиени ови наши херои. Во нивна чест Одделението за одбрана Битола од 2003 година го организира овој настан.

 До минатата година се одржуваше и меморијален трунир во кој учествуваа 4 фудбалски екипи и тоа од СВР Битола, од гарнизонот од Битола, после тоа од Прилеп, од РЕК “Битола“ и Општина Новаци, но со оглед на сосотојбата со коронавирусот и мерките што се преземаат за заштита на здравјето на населенето, одлучивме денот да го одбележиме само со полагање цвеќе, рече Менде Солунчевски, од Одделението за одбрана во Битола.

– Изразувајки   сочувство кон семејствата кои ги изгубија бранителите градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, која присуствуваше на комеморацијата  упати апел до  сите млади  луѓе да се вградат во  општеството, онака како што треба да се вргади малдината и да бидат двигател на општстевото.

 -Но ваквите моменти треба да бидат опомена за тоа како се однесуваме за да го сочуваме споменот кон нив и да им се оддолжиме со подобрување на општеството во кое живееме, рече градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!