Don't Miss
Home / Uncategorized / Интересот над сите очекувања

Интересот над сите очекувања


Интересот за јубилејната 20 по ред,  манифестација на Битолски весник “ Избираме најуспешни битолчани 2018 “ е огромен и над сите очекувања.

Во нашата редакција и на меил адресата постојано пристигнуваат предлози за признанијата. Досега во редакцијата се пристигнати над 35 предлози за некои од признанијата.

Но тоа што е изненадување  за нас, како организатори,  огромен е и бројот на тие кои се интересираат за влезниците за Манифестацијата.

Со оглед на големиот интерес Битолски весник оваа година одлучи многу порано  да ги пушти влезниците во продажба и за прв пат, откако пред 19 години ја организира  Манифестацијата, да  врши предвреме резервација на влезници.

Затоа сите оние кои сакаат во живо да ја следат Манифестацијата навреме да си извршат резервација, зашто бројот на влезниците  е ограничен, а Битолски весник во овој момент нема да ги пушта во продажба само местата за добитниците на признанијата.

Инаку Битолски весник деновиве ја конципира и музичката програма  за Манифестацијата и со сите кои ќе настапат на свеченоста веќе ги договори настапите, а во завршни преговори е и изборот на ексклузивниот спонсор, кој изрази подготвеност да го спонзорира Изборот.

Се работи за една од најуспешните македонски компании во државата и која е вистински бренд на Македонија.

Битолски весник оваа година подготвува и нови пријатни изненадувања за  присутните на свеченоста.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*