Don't Miss
Home / Градска хроника / Доделени наградите за најубаво украсени новогодишни простори

Доделени наградите за најубаво украсени новогодишни простори

Градоначалникот на општина Битола, денес ги додели наградите за најубаво новогодишно украсен простор. Беа доделени вкупно девет  награди меѓу кои 3 први, 4 втори и 2 трети награди.

Во категоријата најубаво новогодишно украсени куќи и дворови прва награда доби Пеце  Апостоловски  и Кире Јанковски, втора: Благојче Јанкуловски и Славица Димовска и трета награда Благој Ѓоргиевски.

DSC_0243   DSC_0259

За најубаво украсени станбени згради и балкони беа наградени со прва награда Игор и Лиле Лозановски, втора награда за Моника Милошевска и трета награда за Бошко и Ратка Велјанови.

Од категоријата најубаво новогодишно украсени институции и угостителски објекти прва награда беше доделена на ГП Пелистер за објектот “Стаклена зграда“ и втора награда за хотел ресторан “Шумски фенери“.

Градоначалникот Талески им честита на добитниците, посакувајќи идната година да бидат уште повеќе мотивирани за уште поубаво украсување на општината и поединечните објекти.

Наградите и оваа година се парични и изнесуваат 3000 денари за трета награда, 5000 денари за втора и 7000 денари за прва награда.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*