Home / Uncategorized / Договорот со Бугарија го отвора патот на Македонија кон НАТО

Договорот со Бугарија го отвора патот на Македонија кон НАТО

Договорот за добрососедство и дава европска перспектива на Македонија и веднаш и го отвора патот кон НАТО, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов на Конгресот на европските студенти демократи во Варна.

– По тамошната политичка криза имав средби со мојот колега Никола Груевски, со премиерот Зоран Заев и претседателот Ѓорге Иванов. Се надевам дека како и во нашиот, така и во парламентот во Скопје едногласно ќе се усвои текстот на договорот. Тој е особено прифатен од Европската комисија и од амбасадите на САД и во Софија и во Скопје, затоа што и дава европска перспектива на Македонија и веднаш го отвора патот кон НАТО – рече Борисов.

Тој додаде дека и во својот разговор со грчкиот премиер Алексис Ципрас истакнал дека тоа не е договорот против кого било.

– Тоа е само договор за добрососедство меѓу две земји, особено што Бугарија и починатиот бугарски претседател Жељу Желев прва ја призна Македонија. Убеден сум дека Македонија еден ден ќе именува улица или булевар со неговото име.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*