Home / Uncategorized / Дума и другите членови на ДИК сеуште се думаат дали да ги вратат парите

Дума и другите членови на ДИК сеуште се думаат дали да ги вратат парите

Никој од поранешните членови на Државната изборна комисија (ДИК) не ги вратил парите во буџетот што како бонуси си ги поделиле на затворена седница по завршувањето на локалните избори, што предизвика и оставка на сите осуммина под притисок на јавноста, освен претставничката предложена од Беса.
За да ја потврдиме оваа информација пред два дена поставивме прашање во Министерството за финансии, но и во текот на денешниот ден не добивме одговор колку пари се вратени во државната каса и кои членови на ДИК го направиле тој чекор.

Познато е дека претседателот Александар Чичаковски бонусот од четирите плати во износ од 260.000 денари ги донираше на невладината „Полио плус“ за спроведување на проект со кој ќе им се олесни остварувањето на гласачкото право на лицата со посебни потреби, но и покрај најавите на останатите членови дека бонусите ќе бидат вратени сè уште нема потврда дека тоа веќе е завршена работа и дека парите се легнати на буџетската сметка.

Поранешните членови на ДИК, откако на 25 декември Собранието ги констатираше нивните оставки, се повлекоа од јавноста. Неофицијално, се зборува дека некои од нив планирале да побараат апанажа, но во Собранието денеска ни одговорија дека никој од нив досега не поднел такво барање.

Реџеп Прекопуца, професор по албански јазик и магистер по применета политика и поранешен потпретседател на ДИК, вели дека нема да бара апанажа и дека ќе се врати на работа во Собранието, каде што работеше пред да биде вклучен во изборните циклуси прво како како член на избирачки одбор, заменик член на општинска изборна комисија, а од 2013 година беше секретар на Општинската изборна комисија во Арачиново.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*