Home / Вести / Филипче и Караџовски се амнестираа од одговорноста,за експлозијата на заразата го обвинија народот!?

Филипче и Караџовски се амнестираа од одговорноста,за експлозијата на заразата го обвинија народот!?

Можеме да очекуваме само влошување на состојбата. Се предвидуваат 500-600, но и до 1.000 заболени дневно. Драстично зголемениот број новозаболени е резултат на непочитување на мерките при групирање во периодот зад нас. Новите рестриктивни мерки што ќе ѝ бидат предложени на Владата од понеделник предвидуваат ограничување на капацитетот на луѓе во јавниот превоз до 50 проценти, целосна забрана за секакви настани и крај на работното време на сите економски оператори во 23 часот.

– Анализата на епидемиолошките податоци во последните три дена, кога имаме драстично зголемен број на позитивни лица, укажува дека одредени настани кои се случиле во нашето секојдневно опкружување се главниот промотор на поголем број случаи, тоа значи ивентите, журките, концертите, сѐ она што го видовме на телевизија, групирање, недржење дистанца од 2 метра, непочитување на мерките или неносење маски. Очигледно во периодот што е зад нас мерките не се почитуваа. Голем дел од овие анкети на заболените, со самиот факт што тие се меѓу 20 и 39 години, ни кажува дека тоа не се луѓе кои биле на домашна свеченост, туку сите биле, народски речено, каде што може да се направи журка, промоција. Оделе за да бидат видени. Мислам дека овој есенски бран малку подрани, временските услови не се такви за да имаме групирање во затворен простор, но со доаѓањето на сезонскиот грип оваа шанса за зголемување на бројот поради групирање ќе биде поголема. Поради сето тоа Комисијата за заразани болести предложи да се усвојат два сета мерки – рече денеска на прес конференција д-р Жарко Караџовски, претседател на Комисијата за заразни болести.

Тој нагласи дека во моментов не се размислува за воведување полициски час ниту вонредна состојба.

– Не сме ги исцрпеле сите мерки за да предложиме полициски час. Но ако ништо од ова не се почитува што ни останува понатаму? Самите ако не си помогнеме на себе не можат да ни помогнат уште 500 сестри, доктори, болници. Бараме помош од сите, медиуми, политички партии, широко население – да ги почитуваме мерките поради фактот дека тоа го правиме заради нас. Непочитувањето ќе нѐ одведе до огромен број заболени и преполнување на болничките капацитети. Не можеме да измислуваме нови инфектолози, епидемиолози, треба 5-6 години за да се постигне тоа – рече Караџовски. пакет на рестриктивни мерки до владата е веќе предложен и треба да се направат законски измени, законот е во собраника процедура и очекуваме следната недела Собранието да го изгласа. Тие мерки опфаќаат забрана за групирање по 22 часот, задолжително носење маска на отворено и забрането групирање во домашни усливи. Утрово разговаравме и за дополнителен пакет на рестриктивни мерки. Ако има потреба до владата ќе биде предложен овој пакет мерки во понеделник – рече Филипче.

Новите мерки предвидуваат ограничување на капацитетот на луѓе во јавниот превоз до 50 проценти, целосна забрана за секакви настани и крај на работното време на сите економски оператори во 23 часот. Мислам дека овој пакет мерки ќе го забави ширењето на вирусот, додаде Филипче.

Министетрот Филипче и Караџовски заборавија да кажат кој е виновен за ваквите алармантни состојби. Дали само граѓаните или тие, кои се правеа дека тоа што го гледаат не го гледаат.

Тие заборавија да кажат дека концертите кои се правеа во летните месеци беа финансирани и подржувани со државни пари од Министерството за култура и општините.

Кога медиумите меѓу кои и Битолски весник предупредуваа на ваквите состојби тие си седеа на ушите и ја уверуваа јавноста дека народот треба да се развесели по психичката депресија што ја дожева од пандемијата и дека концертите се држат по нивните пропишани протоколи.

И Филипче и Караџовски заборавија да кажат кои ги носеше во Охрид и Битола, српските пеачи и од чии пари тие беа плаќани.

Тие се должни да одговорат и на редица други отворени прашања кои се без одговор.

Но најлесно е за се што тие пропуштија да направат или не направија да го обвинат народот и граѓаните, кои буквално не знаат како да се однесувата на нивните понекогаш недоквакани мерки и препораки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!