Home / Вести / ВРЕДИ ДА СЕ ШТЕДИ!

ВРЕДИ ДА СЕ ШТЕДИ!

Голема наградна игра на Стопанска банка а.д. Битола

Во месецот на штедењето – октомври, Стопанска банка а.д. Битола ја започнува својата голема наградна игра ,,Вреди да се штеди”! 

Наградната игра трае од 16.10 2020 година до 31.01.2021 година. Главната награда е Citroen C1, а се доделуваат и x2 MacBook Air 13’’ и x3 iPhone 11.

За да се стекнат со право за учество во наградната игра, сите постоечки и нови клиенти на Стопанска банка а.д. Битола во периодот од 16.10.2020  до 31.01.2021 ќе мора да направат ново орочување на средства во банката, со минимален влог во противвредност на 1.000 евра, а максимален влог во противвредност до 30.000 евра во било која валута на период еднаков или подолг од 12 месеци, без можност за предвремено разорочување. Односно, постоечките или новите клиенти на банката ќе треба да се одлучат за некој од депозитните производи од каталогот на производи на банката, по важечките каматни стапки во моментот на орочување.

Еден клиент во периодот на траење на наградната игра може да склучува со банката повеќе од еден договор за орочување со минимален влог во противвредност на 1.000 евра, а максимален влог во противвредност до 30.000 евра во било која валута на период еднаков или подолг од 12 месеци, со што се зголемува неговата можност за добивка при извлекувањето. Во овој период, не влегуваат во игра депозитите кои автоматски се реорочуваат.

Повеќе информации на  http://bit.ly/vredi_da_se_stedi

Извлекувањето на наградната игра е на 08.02.2021 година.

Бидете и вие еден од среќните добитници на Автомобил Citroen C1, MacBook Air 13’’ х2 и iPhone 11 x3

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!