Home / Спорт / Голем турнир за млади фудбалери во Новаци

Голем турнир за млади фудбалери во Новаци

На шести и 7 септември, во организација на општината Новаци, на фудбалските стадиони во Логоварди и Новаци ќе се одржи традиционалниот голем меѓународен фудбалски турнир за млади фудбалери, родени 2001 и 2005 година.

На турнирот ќе земат учество 600 млади фудбалери од 40 фудбалски екипи од Македонија,Србија,Хрватска и Грција .
Свеченото отварање на турнирот е закажано за в сабота, 6 септември во 12:30 часот на стадионот на ФК Новаци во Новаци, додека затворањето на турнирот, кога ќе бидат доделени и наградите за најдобрите ќе се одржи в недела, на 7 септември на стадионот во Новаци.
Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*