Home / Uncategorized / Горан Степановски:СДС е хунта. Од Жабени ќе направи прифатен центар за мигранти

Горан Степановски:СДС е хунта. Од Жабени ќе направи прифатен центар за мигранти

На 15 октомври граѓаните на Битола требаше да се изјаснуваат и на референдум за мигрантите, но владеачката хунта на СДС најде начин да им го забрани тоа право.

Се прашуваме – дали токму ветената послушност и соработка  во врска со плановите на Заев за населување мигранти  во Битола, беше пресудна  што во конкуренција на многу други посериозни и поиздржани кандидати, СДС во Битола доби кандидатка за градоначалничка со сомнителна компетентност ?

Се прашуваме – дали  послушната кандидатка на Заев и СДС во Битола е компромисното решение, откако другите поинудени кандидати одбија да прифатат соработка  на штета на својот град во врска со плановите за  доселување  мигранти  во Битола?

Ја повикуваме кандидатката да одоговори – дали е соучесник во пеколниот план на Заев за увоз на нови жители во Битола и дали можеби заедно со него планираат да ги избркаат странските инвеститори од  Индустриската зона Жабени и да ја пренаменат маркицата за прифатен центар за мигранти ?

Референдумот за мигрантите го  спречивте, но гласањето на 15 октомври не можете да го спречите. Тогаш битолчани ќе ви кажат НЕ на црните сценарија на Заев и неговата специјално избрана кандидатка, за разнебитување на Битол,изјави кандидатот за советник  на ВМРО ДПМНЕ Горан Степановски

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!