Home / Вести / Грчкиот конузлат донираше играчки во Домот за доенчиња во Битола

Грчкиот конузлат донираше играчки во Домот за доенчиња во Битола

         

          Денеска во БитолаГенералниот конзулат на Грција и грчката компанија за продажба на детска  храна и маслиново масло, Candia-ABEA, со седиште во Скопје, донираа играчки, училишен прибор и производи од грчко маслиново масло во Домот за доенчиња и мали деца во Битола.

Подароците им беа предадени на одговорните на Домот од страна на Грчкиот Конзул во Битола, г-дин Ахилеас Ракинас, и на сопственикот на компанијата, Candia-ΑΒΕΑ, г-дин Димитрис Вергицис, во присуство на Шефот на Канцеларијата за Јавна Дипломатија на Грчката Амбасада во Скопје, Советник за Комуникација, г-дин Константинос Прокакис.

Инаку во Домот за доенчиња и мали деца во Битола се сместени околу 40 доенчиња и деца на возраст до 14 години, кои живеат во 5 различни домови под надзор на  негователки  кои обезбедуваат семејна грижа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*