Home / Вести / Корегирана техничката грешка на промотивното видео за Попова Шапка

Корегирана техничката грешка на промотивното видео за Попова Шапка

Во врска со техничката грешка која е направена во промотивното видео за Ски центарот Попова Шапка  со соопштение се јавија од АД ЕСМ.

-Во однос на промотивното видео за Ски центарот Попова Шапка објавено на фб страната на Ски центарот, за кое имаше коментари во јавноста во врска со името на Попова Шапка, ја информираме јавноста дека станува збор за техника грешка, која е веднаш исправена и на фб страната е постирано коригирано видео.

          Техничкиот пропуст е произлезен од страна на службите на Елемтурс, кој стопанисува со центрите, а во чија организација беше изработката на промотивниот материјал.

Како АД ЕСМ, изразуваме жалење што идејата за промоција на природните убавини во зимската сезона на Попова Шапка добија политичка конотација во одредени кругови и се надеваме дека љубителите на снегот ќе ги искористат поволните временски услови за посета на нашите скијачки капацитети, како на Попова Шапка , така и на Пелистер, се вели во соопштението на АД ЕСМ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*