Home / Вести / Над 450 решенија за легализација ги очекуваат сопствениците

Над 450 решенија за легализација ги очекуваат сопствениците

         

          Додека порано граѓаните на секој начин брзаа да си ги земат решенијата за легализација на нивните диво изградени објекти и доста нервозно реагираа на (не)ажурноста на општинската админситрација,  сега  состојбата е сосема поинаква.

          Деновиве општина Битола преку соопштение упати апел до битолчани да си ги подигнат решенијата за легализација на  нивните легализарани објекти.

-Општина Битола  континуирано работи на решавање на предметите за легализација, при што секој изработен предмет е потврден со донесување на Решение од градоначалничката  м-р Натаса Петровска. Сепак, дел од изработените предмети чекаат завршница на постапката од страна на граѓаните, односно подигнување на соодветните решенија од нивна страна.

Во моментот за 352 предмети изготвени се пресметки по готови урбанистички согласности, по кои барателите сеуште не постапиле и не ги подигнале  решенијата од општината.

 Исто така, изготвени од стручните служби и потпишани од страна на градонацалничката Натаса Петровска се решенија за 107 предмети, кои сеуште не се подигнати од страна на барателите.

Согласно ваквите податоци, Општина Битола апелира до граѓаните, подносители на овие 459 барања, кои се известени дека им е изготвена пресметка со заклучок за надомест, или имаат потпишано решение за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект, истите да ги подигнат од општината за да можат да ја комплетираат и завршат започнатата постапка за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект, се вели во соопштението на Општината Битола.

Сега останува на граѓаните да одлучат кога ќе си ги подигнат решенијата за легализација на нивните објекти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*