Home / Вести / Управната зграда на Детското одморалиште руина

Управната зграда на Детското одморалиште руина

               

        (Не)грижата за државниот имот како да стана наше секојдневие.

        Во  Битола  има безброј  објекти, сопственост на државата,кои  се незаштитени и оставени да пропаѓаат.

        Објективот на нашиот фоторепортер деновиве забележа дека Управната зграда на поранешното Детско одморалиште Пелистер,  кај Аргирица е оставена на милост и немилост  да пропаѓа.

        Иако пред десетина години вработените во Детското одморалиште насила беа иселени од објектот бидејки наводно Општината Битола која го доби објектот од Министерството за труд и социјала   истиот објект ќе го пренаменваше во детска градинка.оттогаш овој  објект е едноставно заборавен и оставен да пропаѓа.

        Откорнати врати, искршени прозорци, напуштени простории, влезна врата обрасната со трња…   тоа е сликата која деновиве ја забележа нашиот фоторепортер кај Управната зграда на Детското одморалиште.

        Таа е уште еден нем сведок за нашата негрижа кон државниот имот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*