Home / Вести / Грижа за земјоделците

Грижа за земјоделците

После повеќе од една деценија манипулирање од страна на ВМРО ДПМНЕ со земјоделците заради лични интереси, конечно имаме власт која се грижи за вистинските потреби на вистинските земјоделци.

Со новата мерка на владата на СДСМ, земјоделците ќе добијат повеќе од 200 милиони денари. Зелената нафта ќе им овозможи на земјоделците да ги намалат трошоците и тие средства да можат да ги искористат за свои потреби. Иако и со оваа бројка се манипулира и во јавност се презентираат погрешни пресметки, оваа мерка во реалноста ги опфаќа сите регистрирани земјоделци кои сакаат да ги намалат трошоците за производство.

Како што покажавме во многу наврати досега нашата правда како и нашите мерки не се селективни. Средствата од оваа мерка се за земјоделците независно од тоа кои се и од каде доаѓаат. Логично е дека луѓе кои претходно злоупотребувале слични мерки да мислат дека истото ќе се случува и сега. Доказ за ваквата поранешна практика се и четворицата приведени министри и заменици министри за земјоделие кои се сомничат за организиран криминал и злоупотреба на земјоделска помош. Но за среќа не сме сите исти и не се служиме со истите механизми за да добиеме ситни политички поени.

Ние се грижиме за потребите на граѓаните и наша единствена цел е подобар живот за сите.

Нашата влада ветува и обезбедува безусловна поддршка за земјоделците.

Нашиот збор важи рече на денешната прес кнференција советникот Зоран Стојчевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!