Don't Miss
Home / Македонија / Груевски се обрати и учествуваше во дебатата на ЕПП во Европскиот парламент

Груевски се обрати и учествуваше во дебатата на ЕПП во Европскиот парламент

Во рамките на посетата на Стразбур претседателот на Владата на Република Македонија и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, вчера имаше обраќање и учествуваше во дискусијата на парламентарната група на Европската народна партија  во Европскиот парламент.

Тој учествуваше на нивната координација и одговараше на повеќе прашања на присутните пратеници. Премиерот Груевски ги образложи позициите и гледиштата на Република Македонија по однос на повеќе актуелни теми и стратешките прашања на државата, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Премиерот Груевски истакна дека членството во Европската унија и во НАТО преставува недвисмислена стратешка определба на државата и интензивно се работи на реализацијата на понатамошни реформи кои ќе го унапредат процесот и подигнат на повисоко ниво.

Груевски посочи дека се преземаат мерки во повеќе општествени области чија крајна цел е исполнување на зацртаните критериуми, подобрување на квалитетот на работата  и овозможување напредок на животот и стандардот на граѓаните. Истакна дека особено внимание се посветува и на економските реформи кои се значаен елемент во остварувањето на целта за поквалитетен живот на граѓаните.

Премиерот Груевски имаше средба и со генералниот секретар на Европската народна партија, Антонио Лопез-Истуриц, како и со потпретседателот на ЕПП и член на европскиот парламент Јацек Сариуш Волски.

На средбите тој истакна дека во насока на остварување на стратешките  интереси е добредојдена и значајна поддршката од сите пријатели и партнери на Република Македонија кои отворено ги поддржуваат евроатланските интеграции. Премиерот Груевски се заблагодари на активното залагање и на Европската народна партија за напредок на процесите важни за Република Македонија.

 

Европската народна партија е најголемата политичка партија на европско ниво, и со најбројна група во Европскиот парламент. Таа е најголемата и највлијателна политичка партија на повеќе одлучувачки нивоа во ЕУ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*