Don't Miss
Home / Uncategorized / Груевски:Заев ќе ја добие лекцијата што ја заслужува

Груевски:Заев ќе ја добие лекцијата што ја заслужува

Тој за мене зборува 24 часа на ден затоа што многу добро знае дека нема капацитет и способност да преземе нешто и да го надгради тоа што досега сме го направиле. Тој е празен, неговиот капацитет, неговата визија не се доволни да го направат она што можеме ние да го направиме. Ве повикувам да му ја дадеме на овој човек лекцијата која што ја заслужува, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски вечерва на митингот во Струмица, родниот крај на премиерот Зоран Заев.

– Лицето кое ја води СДСМ не вреди, заслужувате подобро, за тоа што овој човек не е загрижен за напредокот на градовите, не е загрижен за земјоделците, работниците, невработените. Тој ги нема сите во својата агенда, тој нема љубов кон знамето и татковината. Изгледа нема лице и храброст да научи, но ајде ние да го научиме, тој само парадира секојдневно и го менува лицето како секој ден да е карневал во Струмица – рече Груевски на митингот на ВМРО ДПМНЕ во Струмица.Заев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*