Don't Miss
Home / Вести / Хотел Битола во распагање

Хотел Битола во распагање

                       

        По неколку децении, деновиве  УО на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување донесе одлука да му  стави катанец на хотел “Битола “

Денеска и последниот станар на хотел “ Битола “  принудно го напушти хотелот.

Како и хотелот “Битола “кој едно време беше еден од најдобрите  хотелско угостителски објекти во градот, а кој сега   е целосно руиниран и запустен, така и последниот станар на хотелот, кој едно време беше еден од најбогатите битолчани да  се исели од хотелот  со само неколку работи за лична употреба кои му останаа од огромното богатство кое го поседуваше во осумдесеттите години.

Хотел “ Битола”, кој расплагаше со  околу 300 соби, голем ресторан, банкетна сала, современа кујна, фоаје, конференциска сала и голем број дукани, сопствена амбуланта, денес е еден напуштен објект, кој како да го погодила атомска бомба.

Хотел во распаѓање, превртени маси и столици, празна кујна, риуинирани соби, искршен инвентор, рсапднати зидови, затворени дуќани…Тоа е сликата која моментно може да се види во хотел “ Битола “

А од (не)одговорните лица кои го доведоа хотелот на ова дереџе ни трага ни глас.

Навистина жалосно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*