Don't Miss
Home / Вести / Како да се стави во функција Пионерскиот дом во Битола.

Како да се стави во функција Пионерскиот дом во Битола.

                       

            На денешната средба на градоначалникот на Битола, Тони Коњановски  со претседателот на Еврејската заедница во Република Македонија, Пепо Леви и извршниот директор на Музејот на Холокаустот, Горан Садикаријо  меѓу другото се разговараше за тоа како да се стави во функција Пиоенерскиот дом во Битола, кој е сопственост на Еврејската заедница.

            Пионерскиот дом, кој беше центар на културни збиднувања на најмладите во Битола и во кој функционираа голем број на пионесрки секции, а кој се наожа во строгиот центар на Битола,  е реновиран  со години седи заклучен.

На средбата  со претставниците на Еврејската заедница која се одржа  по повод  претстојниот празник,  11 март – Денот на холокаустот на македонските Евреи, градоначалникот Коњановски, го отвори  прашањето поврзано со Пионерскиот дом .

Заеднички беше констатирано дека, по завршувањето на потребните постапки поврзани со објектот, кои се веќе отпочнати од страна на сопствениците, ќе се разговара  и за содржинското исполнување и функционалност на објектот, за што општината би дала поддршка, согласно законската можност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*