Home / Uncategorized / Итната служба во нов сја

Итната служба во нов сја

                  

Службата во Итната медицинска помош во Битола, како една од  најруинираните служби која беше затекната од страна на директорката Спирковска,  конечно го доби ликот кој го заслужува. Ги нема повеќе затнатите канализации, руинираните тоалети, распаднатите плочки, стариот мебел, зидовите со мувла и малата нефункционална ургентна амбуланта.

Денес можеме да кажеме дека со реновирањето на итната медицинска помош добивме современо опремена и изградена служба со комплетно санирана канализација, реновирани простории, проширена ургентна амбуланта со нова медицинска опрема, почнувајќи од ЕКГ апарати, транспортни столици за пренос на пациенти по скали, нов стоматолошки стол, комплетно нов медицински мебел како и ново санитетско возило со посебна намена за потесните улици низ градот Битола.Никако да не се заборави реновираниот дел на Домашно лекување.

Честите опомени од санитарните инспекции во минатото за состојбата во службата денес ќе бидат минато бидејќи службата има комплетно нов лик со запазување на сите светски стандарди за услови во здравствени установи.

Организационата поставеност, секако за подобри здравствени услуги, ја доби и ново отворената дежурна амбуланта каде матичните доктори во саботите даваат здравствени услуги за пациентите. Во склоп на ИМП е отворена нова просторија за едукација на медицинскиот персонал, со што би се прателе сите новини во медицината.

Се надеваме дека условите на работа како и за вработените уште повеќе за пациентите ќе бидат многу подобри од минатото и дека ќе ја постигниме и единствената цел медицинскиот персонал заедно со пациентите да бидат на едната страна и заедно да се борат со единствениот непријател а тоа се болестите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*