Home / Вести / Издадена меѓународна потерница за Груевски

Издадена меѓународна потерница за Груевски

Откако во текот на вчерашниот ден се појавија неофицијални информации дека екс премиерот Никола Груевски не е во Македонија, и заминал во некоја странска држава, МВР утринава распиша меѓународна потерница за Груевски кој треба да издржува казна од две години затвор за случајот „Тенк“.

Вчера МВР неколку пати се обиде да го најде во својот дом, а го бараше и во седиштето на партијата ВМРО-ДПМНЕ, но засега од Груевски нема трага.

После информациите дека заминал надвор од границите на Македонија, сега и меѓународно ќе се бара некогашниот премиер на нашата земја за да се спроведе во затворот Шутка каде треба да ја одлежи казната по која е обвинет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!