Home / Култура / Изложба “ Уште поблиска Унија “

Изложба “ Уште поблиска Унија “

Во рамки на одбелеувањето на 60-годишнината од потпишувањето на Римските договори, Делегацијата на Европската унија и Амбасадата на Италија, денеска во Битола приредија изложба „Уште поблиска Унија“. Изложбата ја прикажува историјата на европската интеграција од потпишувањето на Римските договори до денешните предизвици со кои се соочува Европска Унија.
Во своето обраќање ЕУ-амбасадорот Самуел Жбогар истакна дека потпишувањето на Римските договори во 1957 година бил првиот чекор кон обединета Европа. – Тоа се смета за година на раѓање на ЕУ таква каква што ја знаеме денес, рече амбасадорот на ЕУ во Република Македонија, Жбогар

– Граѓаните на земјите-членки живеат во мир, просперитет и безбедност. Европската интеграција е најуспешниот мировен проект во нашата историја и затоа ЕУ ја доби Нобеловата награда за мир. Но, сега живееме во непредвидливи времиња, а годишнината од Римските договори не е само можност да ја потврдиме нашата посветеност кон вредностие и целите на кои се темели европскиот проект, туку и пригода да се преземат прагматични и амбициозни чекори напред, рече Жбогар.
Според него, во моментов во Европа се води дебата за тоа каква ќе биде ЕУ утре и дали ќе биде пообединета или пак земјите членки ќе бидат понезависни во нивното одлучување.
Свое обраќање имаше и италијанскиот амбасадор Карло Ромео.

– Европа останува отворена кон европските земји кои ги почитуваат нашите вредности. Како европска членка, Италија, продолжува да работи константно на процесот на европска интеграција на регионот на Западен Балкан, како и на интеграцијата на вашата земја, изјави Карло Ромео.

Изложбата е организирана од Историскиот архив на Европската Унија во рамки на Институтот на Европскиот универзитет и се базира на архивски документи и фотографии од Историскиот архив на Европската Унија, Дипломатскиот историски архив на италијанското министерство за надворешни работи и меѓународна соработка и архивот на Национална асоцијација за печат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!