Home / Uncategorized / Јане Ченто: Не барам амнестија. Судете ми

Јане Ченто: Не барам амнестија. Судете ми

Обвинетите Јане Ченто и Игор Југ на почетокот на денешното рочиште за случувањата во Собранието на 27 април минатата година, пред судот кажаа дека нема да поднесат барање за амнестија и дека остануваат до крај пред судот.

– Со оглед дека овој предмет е тежок и предизвик и за вас како судии и за нас како обвинети, морам да му кажам на судот да има предвид дека покрај законот донесен од политичките елити, јас Јане Ченто сакам Вие, а не политичките елити да ме судат, изјави Ченто.

Посочи дека сите, а најмногу јавноста сакаат да се дознае вистината за 27 април.

– Точно е дека сме влегле во Собранието, но секој мора да сноси одговорност за тоа што го сторил внатре. Никој не може да не помилува. Имам целосна доверба во Вас и вашата одлука што ќе ја донесете. Време е да покажеме дека имаме правна држава. Јас нема да поднесам барање за амнестија. Останувам до крај и вие судете ми, изјави Ченто.

Обвинетиот Игор Југ, исто така побара збор и кажа дека целосно го поддржува излагањето на Јане Ченто и се приклучува на тоа.

– Ниту јас нема да поднесам барање за амнестија и правдата ќе ја докажувам пред вас. Не го признавам селективниот закон за амнестија и нема да дозволам да бидам ничија монета за поткусурување, рече Југ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*