Don't Miss
Home / Uncategorized / Кабинетот на Груевски остана без пасоши

Кабинетот на Груевски остана без пасоши

Во притвор засега не оди никој. Единствено пасошите им се одземени на неколкумина поранешни министри од владата на ВМРО-ДПМНЕ обвинети во предметите на Специјалното јавно обвинителство. Кривичните совети од Скопска единица пречекорувајќи го законскиот рок ги доставија новите одлуки. Одбиен е предлогот за притвор за екс министерката за култура Елизабета Канчевска Милевска, обвинета во предметот Тендери.

И поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, обвинет во предметот Траекторија, остана без пасош иако и за него се бараше притвор. Притвор се бараше и за градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски, обвинет во ТНТ. Но и тој ќе остане без пасош. Судот се уште не се произнел по барањето за притвор за екс премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски, екс функционерите Сашо Мијалков, Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиевски како и за поранешните секретари на Влада Мартин Протоѓер и Кирил Божиновски. Сите се обвинети во Титаник, и предметот во кој се споени Таргет и Тврдина.

Одбиени се мерките за претпазливост побарани се и за обвинетите во предметот Титаник 2 меѓу кои и лидерот на ДПА Мендух Тачи и членовите ДИК Бедредим Ибрахими и Сашо Срцев.  За предметот Триста одбиено е барањето за притвор за Ѓоко Поповски, помошник во МВР, во врска со набавка на возила. И оваа мерка е преиначена во мерки за претпазливост.

За предметите Тарифа,Трезор и Топлик, уважени се мерките за претпазливост.

Од Специјалното обвинителство  велат дека ќе ги обжалат решенијата на кривичниот совет за не определување на побараните притвори. Тоа ќе го сторат в понеделник бидејќи законскиот рок е три дена по добивањето на решението. По нивните жалби ќе одлучува апелација. Претходно пак, специјалната обвинителка Катица Јанева запрашана дали Македонија ќе го следи примерот на Хрватска со апсење на бивш премиер одговори дека при барањето за притвор се води од доказите, а не од функциите.

Синоќа судот соопшти дека го одбил како неосновани мерките за притвор во предметот Тотал, со што на обвинетиот Драган Павловиќ Латас му е одредена мерка на претпазливост, односно одземање на пасошот. Ваква мерка има и за новинарката Ивона Талевска, обвинета во предметот Тифани.

 

АКЦИЈА

Facebook
Twitter

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*