Home / Вести / Камерниот оркестар со „ Вива Верди “ го отвораат “ Бит фест “ 2023

Камерниот оркестар со „ Вива Верди “ го отвораат “ Бит фест “ 2023

               

Утре вечер  во античкиот локалитет Хераклеја со спектакуларен настан наречен „Вива Верди” ќе биде отворено годинашното културно лето “ Бит Фест “ 2023.

На свеченото отворање, на кое ќе настапи  Камерниот оркестар на Битола   ќе се изведуваат дел од најпопуларните опери на Џузепе Верди како Травијата, Аида, Моќ на судбината, Набуко, Риголето и др.

Како солисти на концертот ќе се претстават: Горан Начевски, Наде Талевска, Кристијан Антовски, Марија Наумовска, Нико Ѓоргиевски и прекрасниот сопран – Зана Абази Рамадани во придружба на Камерниот оркестар на Битола, хор и оперски солисти предводени од диригентот Владимир Димовски.

 Покрај музиката  за душа, посетителите на концертот може да очекуваат и дополнителни изненадувања кои ќе го означат почетокот на овогодинешното културно лето во Битола.

Влезниците за концертот се пуштени во продажба на билетарницата на Центар за култура – Битола, по цена од 300 денари.

        Инаку одржувањето на петнаесетото издание на Битолското културно лето “ Бит фест  2023“  помина во жестока политичка прсесметка  на политичките партии членки на Советот  на Битола.

Најавувајќи го почетокот на  фестивалот градоначалникот на  Битола, Тони Коњановски упати остри критики кон претседателкта на Советот, Габриела Илиевска.

 -Годинава, на прагот на отворањето на 15. издание на Битолското културно лето, соочени сме со бројни критики, од страна на одредени советнички групи, чии членови иако најчесто беа во првите редови на културните настани, сепак културата најмногу ја критикуваат и осудуваат. Затоа одлучивме, овогодишниот концепт да го реализираме, во рамките на одобрените средства од Советот. Понатамошниот програмски концепт, ке ги вклучи веке одобрени проекти на традиционалните културни манифестации, како: Солстис, Битола отворен град, Битола Шекспир фестивал, Локум фест, Незаборав, Илинденски денови, рече градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој  им се извини на сите уметници кои покажале интерес да настапат на фестивалот, но недостигот на поддршка од Советот ги ограничи  финансиските ресурси.

   Коментирајки  ја изјавата на градоначалникот Тони Коњановски дека поради новото “прегрупирање” во Советот тој морал да ја скрати програмата за Битолското културно лето и да не ги ангажира голем број битолски уметници и културни работници, бидејки бил сигурен дека Советот со ребалансот немало да издвои средства за “Битфест”, претседателката на Советот, Габриела Илиевска одговори:

          -Јас не знам на што се пожалил градоначалникот дека немало средства за културните настани, кога истата програма тој ја предложи и самиот предвиде за културата да се издвојат 20 милиони денари.Но  тој во првите три месеци,  по тоа што го видовме од кварталниот извештај потрошил 16 милиони денари. И навистина не знам зошто се жали градоначалникот на нешто што тој го предвидел со предлагањето на буџетот-истакна претседателката на Битолскиот Совет, Габриела Илиевска на  прес-конференцијата.

        Во врска со одржувањето на претстојниот “Бит фест” реагираа и од ВМРО ДПМНЕ.

-СДС  во недостаток на аргументи продолжува со лични дискредитации, сатанизирање на уметници пропагирајќи ја нивната позната теза дека културата во Битола се користи за перење на пари, која ја повика опозиционата СДСМ  јавно да излезе и со докази за наводен криминал во културата  кој од уметниците во последните 20 месеци  учествувал во “ перењето на пари“изјави советничката на ВМРО ДПМНЕ,Анета Горгиевска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*